
Dino Kompani е доверлив и навремен снабдувач на заленчук и овошје со тенденција на градење долгорочни партнерски односи со своите клиенти. Преку обезбедување широк асортиман, доволни количини, експедитивна испорака и пристојни цени. Токму поради тоа сите овие години откако постои компанијата, ужива висок рејтинг меѓу своите партнери и добавувачи, што ја прави конкурентна на пазарот.
Сѐ наоѓаме во богат земјоделски регион кој изобилува со плодна почва, вода, голем број сончеви денови, што овозможува големи приноси на здрава и еколошки исправни зеленчук и овошје. Од друга страна долгогодишната соработка со индивидуалните фармери и земјоделски кооперанти како од нашиот регион така и пошироко ни дава голема сигурност за целосно задоволување на побарувачката од страна на нашите клиенти.
Во Dino Kompani работат луѓе со долгогодишно работно искуство, кои поседуваат сигурност организациона способност, лојалност и чесност. Компанијата секоја година го праќа својот менаџерски тим на најразлични саеми, обуки и други збивнувања во областа на земјоделството и агробизнисот како во нашата држава така и низ Европа. Тоа ни овозможува да бидеме компанија која може да се пофали со континуирано следење на светските трендови.